Македонија
26. September 2021 - 16:32

Кој остава соопштенија по влезовите за попишување во општински канцеларии?

До крајот на пописниот рок, посетени и попишани се 1 540 301 граѓани. Ова е последната бројка заклучно со вчера. Во меѓувреме голем број граѓани се пожалија во нашата редакција дека не биле посетени на домашната адреса а пред влезовите им биле поставени известувања дека можат да дојдат во канцеларии на ДСЗ за да се попишат. Оставени се и контакт телефони на попишувачите. Посетивме едно маало во Аеродром каде се поставени овие известувања.  Се јавивме кај лицето за контакт за да прашаме дали ова значи дека нема да дојде попишувач на врата еве што велат во телефонскиот разговор. 

Дел од граѓаните кои живеат во овие згради велат дека листовите биле залепени вчера, но кај нив дошол попишувач.

Директорот на ДСЗ вели дека слушнал за ваквите известувања и тврди дека не се поставени од нив. Симовски за Сител вели дека се уште има време и граѓаните ќе бидат посетени на врата.

Симовски не сака да шпекулира со бројки но очекува успешно да го завршат пописот.

 И премиерот Заев денеска беше посетен од попишувачите. Тој одговори на прашањата заедно со семејството во неговиот дом во Струмица. Премиерот апелира до граѓаните да го  дадат својот придонес во оваа статистичка операција.

До сега попишани се 479 806 домаќинства и 670 988 станови. На веб страната на ДСЗ е објавен и список на седишта на комисии на пописни реони каде граѓаните можат да се попишат доколку не тоа не го направиле од своето живеалиште.