Фудбал
18. September 2017 - 13:40

Кој ќе го вози Руни?!

Судот во Англија во понеделникот на две години му ја одзеде возачката дозвола на фудбалската ѕвезда Вејн Руни. Поранешниот капитен на англиската репрезентација ги прифатил обвинувањата дека го управувал својот автомобил под дејство на алкохол.
 
Полицијата поради брзо возење најпрвин го запрела, а потоа и го привела Руни на 1 септември бидејќи тој возел под дејство на алкохол.
 
Како дел од казната Руни ќе мора да одработи и 100 часа општествено корисна работа во наредните 12 месеци, одлучи судот во Стокпорт. Исто така, тој ќе мора да ги покрие судските трошоци во износ од 170 фунти.
 
Вејн Руни со 53 постигнати гола е најдобриот стрелец во историјата на англиската репрезентација. Кариерата во националниот тим ја заврши минатиот месец, а последен пат дресот на Англија го носеше лани во ноември против Шкотска (3:0) во квалификациите за пласман на Светското првенство во Русија.