-->
-->
Кој има право на првенство на минување?
-->

На приложената слика се гледа вообичаена ситуација од сообраќајот со каква возачите секојдневно се среќаваат. Три автомобили, без сообраќајни знаци, семафор или полицаец кој го регулира сообраќајот.
Зелениот врти лево, додека црвениот и синиот одат право - кој има предност?
На раскрсница, возачот е должен да го пропушти возилото кое доаѓа од неговата десна страна. Правилото на десна страна е едно од основните правила во сообраќајот и сите возачи мораат да го знаат тоа.
Исклучот од тоа правило се трамваите кои во сите случаи имаат предност (освен ако со сообраќаен знак не е наведено поинаку). Најголем приоритет имаат возилата со придружба, односно возилата со вклучени ротациони светла, како полиција или Брза помош.
Возачот кој на раскрсницата врти лево, должен е да го пропушти возилото кое доаѓа од спротивниот правец и го задржува правецот на движење или врти десно, освен ако со знак не е наведено пинаку.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МВР: Кај 23-годишник од Скопје пронајдено оружје и муниција
-
Приведени двајца возачи од Битола и ресенско, возеле пијани
-
Отпорноста на антибиотици може да убива милиони луѓе во светот
-
Кривична пријава за Кичевчанец, нападнал адвокат во судница во Дебар
-
Синдикалната кошничка во јули 65.328 денари
-
Поевтинуваат бензините од полноќ, ова се новите цени
-
Познат идентитетот на починатото лице пронајдено во Охрид
-
Скопјанка донесе на свет женско бебе во амбулантно возило на пат кон болница | ФОТО