Македонија
13. September 2020 - 19:52

Кој добива фотеља во новата распределба на позиции

Мепсо се трампа за Пошта, државните патишта за Фондот за пензиско. СДСМ и ДУИ ги договараат позициите во вториот и третиот ешалон од влста. За првиот вицепремиер Артан Груби, овие смени треба да донесат освежување.

Неофицијално, помалиот коалиционен партнер ќе ги добие заменичките министерски места во МВР, одбрана, здравство, правда и транспорт. Односно, екс директорот во Телеком Назим Буши ќе биде заменик во МВР, Башким Хасани во одбрана, актуелниот директор на Торакална Клиника Илир Хасани ќе биде заменик на Филипче, сегашниот заменик во МВР Агим Нухиу се сели во правда.

ДУИ добива и неколку значајни директорски позиции. Меѓу нив најважната оперативна позиција во МВР, Бирото за Јавна безбедност кое ќе го раководи Шефик Бајрами. Директорската позиција во финансова полиција ќе ја преземе досегашната заменичка за финансии, Ширет Елези.

Нов директор во МЕПСО ќе биде Мукадес Хајдари, а на АЕК, Арианит Џафери, синот на Муса Џафери.

ДУИ ќе раководи со ДИТ, со директоратот за заштита и спасување,  со Агенција за лекови и ЈПДП.

Ги добива и Бирото за метрологија, Центарот за управување со кризи, Македонски железници. И катастарот преминува кај ДУИ.

До крајот на идната недела се очекува да бидат официјализирани имињата за заменици министри и директори.