Живот
3. December 2018 - 22:08

Кој болен мозок можел ова да го смисли? Жилети и сечила пронајдени на детско игралиште залепени за лизгалките и лулашките

Голема трагедија е спречена кога англиската полиција пронашла жилети и сечила залепени за детски тобогани на игралиште.

Тие се пронајдени во паркче во англискиот град Оутон, соопшти британскаа полицијата.

„Страшно е да се помисли што би се случило кога овој пеколен план би успеал и какви би биле последиците. Не можам ни да замислам дека постои некој кој би посакал да искасапи деца на игралиште!, изјавија официјални лица.

Полицијата ги предупреди сите граѓани да бидат внимателни, а родителите да ја прегледаат опремата на игралиштата пред да ги пуштата децата да ја користат.

„Кој и да го направил ова, на децата би им нанел сериозни повреди. Бидете сигурни дека правиме се да откриеме кој стои за овој случај“.

Локалната полиција објави снимки од пронајдените сечила на својата Фејсбук странциа, а во коментарите најчесто можеа да се сретнат оценки како одвратно, ужасно, болно и морбидно. Жителите се прашуваат „кој болем мозок можел ова да го смисли“.