Македонија
25. November 2020 - 21:17

Кои возила со странски таблици ќе можат да се регистрираат во Македонија?

Кои возила ќе се легализираат со новиот закон? Државата пресмета точно дека од мерката ќе заработи над 20 милиони евра, но нема конкретен одговор на прашањето кои се тие автомобили кои ќе добијат македонски таблички.

Законот кој синоќа го усвои Владата предвидува 50% попуст на давачките за регистрација на возила на странски таблички во сопственост на лица кои имаат двојни државјанства. Тие возила треба да се внесени до 1-ви октомври годинава и да се со стандард ЕУРО 4. Мерката ќе важи една година.

Но остануваат две дилеми, што значи датумот 01 октомври и колку од овие возила кои претежно се со косовски и бугарски таблици се со стандардот ЕУРО 4.

Засега  е нејасно дали 01 октомври е датум на прв или последен влез на автомобилот во земјава. Хипотетички, дали возило кое е купено во август и влегло во Македонија, а државата ја напуштило по 1 октомври и пак е вратено во Македонија ќеможе да подлежи на регистрација? Официјално објаснување во владата немаат, но неофицијално од Економија велат ќе се смета датумот на купување на возилото, кое треба да биде пред 1 октомври. Но, јасно е што со тие што нема да ја искористат мерката.

Екологистите реагираат дека ова е уште една мерка со која повторно ќе се полни земјата со автомобли кои загадуваат.

Согласно предлог законот, со барањето за легализација ќе треба да се поднесе и доказ за потекло, за сопственост, за регулирани даночни и царински обврски и докази за техничка исправност и за издувни гасови.