Македонија
30. December 2019 - 14:11

Кои се новите кадри на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада

Рашела Мизрахи е предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за министер за труд и социјална политика во преодната влада, потврдија од партијата за Сител. Партијата ќе номинира и тројца дополнителни заменици министри.

Невенка Стаменковска министерство за информатичко општество и јавна администрација, Гордана Димитровска финансии и Цветан Трипуновски во министерството за земјоделие.