Живот
18. November 2019 - 22:09

Кога во кајганата ќе додадете една евтина состојка ќе добие совршен вкус - јадењето ќе стане сочно и кремасто

Кајгана е првото јадење кое секој учи да го прави и најчест избор за појадок за повеќето од нас. А, знаете ли трик со кој станува совршено кремаста и сочна?

Доволна е само една состојка ова јадење да стане неодоливо вкусно. А, тоа е кисела павлака!

На секое јајце оди по една лажица кисела павлака. Прво измешајте го јајцето со вообичаените состојки и зачини. Дури кога се ќе биде добро зимешано додадете павлака.

Добар апетит!