-->
-->
Кога може да го очекуваме првиот снег во Македонија?
-->
Ако може да им се верува на долгорочните прогнози, тогаш оваа зима нема да видиме некој голем студ.
Неколкумесечните прогнози велат дека до крајот на годината само утринските температури ќе бидат во минус и тоа само неколку степени, додека дневните во најстудените денови ќе надминуваат 5 степени.
Оние кои го сакаат снегот, веројатно нема да се радуваат многу оваа година. Снежни врнежи не се најавуваат во градовите се до крајот на годината. Услови за снег ќе се создадат во последните денови но според она што сега се прогнозира, тоа нема да биде интензивно и веројатно нема да се формира снежна покривка.
Дека вакви метеоролошки услови ќе имаме до крајот на годината аргумент плус дава и топлото време во втората половина на октомври, кога во текот на денот температурите надминуваат и 25 степени, што е далеку над просекот за овој период од годината.
Долгорочните прогнози ретко даваат прецизна слика за временските услови кои не очекуваат, но сепак, добри се за да дадат каква-таква претстава за времето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Саша Поповиќ се лечел во Париз, за болеста дознал случајно откако скршил нога
-
Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп
-
Дуда: Украина треба да се врати на преговори со Трамп
-
Почина Саша Поповиќ, основачот и директор на Гранд продукција
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица