Бизнис
17. March 2021 - 16:38

Кога ќе се реализира изградбата на Коридорот 8?

Ќе биде ли готов за три години коридорот 8 ? Првиот вицепремиер Груби во медиумите соопшти дека изградбата на автопатот од Гостивар до Ќафасан односно до границата со Албанија ќе заврши до 2024 година.  

Извори за Сител велат дека за трасата од Струга до Ќафасан распишан е само тендер за проектирање. 

Делницата од Кичево до Гостивар предвидена е да се гради во три фази.

Во моментов се проекира првата, од Кичево до Букојчани. Само оваа делница  предвидено е да чини 90 милиони евра.

Од Гостивар до Тетово покрај постоечката предвидено е да се гради уште една лента. 

Од друга страна пак долгонајавуваниот железничкиот коридор 8 или пругата до Бугарија се очекува да биде готова до 2026 година.  

Тендерот за избор на нов изведувач за првата и втората фаза е објавен во јануари годинава. Од делницата Бељаковце до Крива Паланка завршени се 30 проценти, третата делница од Крива Паланка до границата со Бугарија не е почната да се гради. Таа е најтешката траса. За истата земен е грант од 60 милиони евра од ИПА 2 програмата, а аплицирано и за нов гранд од 182 милиони евра. Проекциите се дека железничкото поврзување со Бугарија ќе биде готово за 5 години, вели директор на МЖ Инфрастуктура Локвенец. 

Груби соопшти дека автопатот од Гостивар до Ќафасан ќе го гради американско - турска фирма која работи на изгадба на автопатот од Приштина до Блаце но и на изградбата на првиот дигитален автопат во Србија.