-->
-->
Кога ќе ја прочитате оваа приказна, чоколадото веќе нема да ви биде слатко како претходно!
-->

Против најголемите производители на чоколадо, овие денови биле поднесени три тужби, тврдејќи дека тие тргуваат со одредени добавувачи на какао, и всушност ги поддржуваат во ропството со деца. Дали има вистина во ова, и дали после овој текст, чоколадото ќе ви остави горчлив вкус во устата?
Новинар на БиБиСи пред неколку години ја посетил Западна Африка, трагајќи по приказната за децата робови и производството на какао. Гана и Брего на Слоновата Коска заедно произведуваат 60 проценти од светските резерви за какао. Во едно село во Гана, новинарот запознал момче по име Оуаре Фатао кое тогаш во 2010 година имало 12 години.
Него го продал вујко му, од соседната држава Буркина Фасо и веќе една година работел како берач на какао. Никогаш за својот труд не добил ниту цент.
Сите ние кои купуваме чоколадо, не сме свесни чив неплатен ропски труд, стои зад неа.
Околу 100.000 деца од Брегот на Слоновата Коска работат во индустријата за какао и им е одземено правото на образование, пишува БиБиСи.
Нечовечки!
Работат за без пари, од утро до мрак, а за тоа време добиваат и „рутинско“ тепање.
Пред 15 години беше објавена првата тужба за експлоатација на детскиот труд во оваа индустрија што предизвика голем бес во јавноста.
Дали после оваа приказна, посакувате чоколада исто како и пред тоа?!
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Бугарија да прифати средба во ХАГ
-
Шведски тим од социјални работници и пожарникари се солидаризира за кочанчани
-
Прилепското поле месец и половина без капка вода поради дефект на хидросистемот
-
Ротари клубот Струмица донираше медицинска опрема за одделението за педијатрија во струмичката болница
-
Преглед на вестите од светот
-
Се прават напори за средба меѓу македонската и бугарската делегација во ХАГ
-
Осум македонци од Израел најдоцна до утре ќе бидат евакуирани со владиниот авион преку Египет
-
Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност