Бизнис
20. November 2020 - 21:18

Кога и како граѓаните ќе можат да ги трошат 6000 денари од државата?

Државната помош од 6,000 денари пензонерите, самохраните родители, невработените  и младите до 29 години, ќе треба да ја искористат за неколку дена, откако ќе им легнат парите . Предлог законот стигна во Собранието, но не е ставен на дневен ред ни наредната недела. Во него стои дека лицата со месечни примања под 15 илјади денари, евидентирани во ПИОМ до 27 октомври ќе добијат помош на транскациската сметка во банката, со која ќе потпишат договор во рок од  5 дена по влегување на законот на сила. Конечната листа на корисници пак, со име, презиме и банка каде ќе се врши  уплатата, Генералниот секратаријат ќе ја објави на www.kupuvamdomasno.gov.mk во рок од 8 дена по стапување на сила на законот. Листата за самохраните родители на кои статусот го утврдува центарот за социјални  работи, ќе биде објавена во рок од 20 дена.

За лицата пак,  кои ќе поднесат приговор, Ген секратаријат ќе им одговори и ќе достави конечна листа до банките, исто така во рок од дваесет дена .

Со овие пари граѓаните нема да можат да купуваат каде сакаат, туку само во објектите кои ќе се регистрираат на интернет страната купувам домашно, во рок од 5 дена по изгласуваање на законот

Парите нема да може да се подигнат во кеш и со нив нема да може да се плаќаат производи на фирми кои нема да се пријават како даватели на услуги.. Помошта  треба да се искористи  до 25 декември. За оваа мерка  Владата издвои 27 милиони евра.