Живот
13. јуни 2016 - 18:41

Кога го остави сопругата му зеде се освен кучето, наместо да очајува ја направи љубоморна

Рафаел Мантесо остана без сопругата на својот 30. роденден. Си замина земајќи му се освен кучето - остана без мебелот, работите, фотографиите, буквално се.

Наместо да падне во депресија гледајќи во празните ѕидови и подови, тие му послужија како инспирација за креативни слики во кои главен лик е неговото куче Џими Чу.

-Се случи тоа еден ден кога кучето „падна“ од замор по трчањето и играњето. Заспа пред велиот џид, а Рафаело зеде маркер и на ѕидот го нацрта светот околу него.

Одеднаш, вели, почувствувал наплив на енергија и силна желба за цртање и создавање креативни слики но и желба за живот.

На крајот тој толку се преокупирал што почнал да создава нови и нови интересни слики. Ги објавува на Инстаграм и досега има над 600.000 следбеници.