„Кога дрвјата паѓаат“ премиерно на Берлинале

Дебитантскиот филм на Марисја Никитук, копродукција помеѓу Украина, Полска и Македонија, денеска ќе има светска премиера на филмскиот фестивал во Берлин во програмата „Панорама“.
- Оваа година овој филм е единствено учество на Република Македонија на престижното Берлинале. Од македонска страна во неговото создавње учествуваа монтажерот Блаже Дулев, Александар Пејовски е ко-композитор, а супервизор и креатор на визуелни ефекти е Крсте Господиновски со цел тим артисти за 3Д и визуелни ефекти, соопшти Фокус ин, македонскиот продуцент на филмот.
Во текот на фестивалот филмот ќе има пет проекции и две затворени проекции за филмските професионалци и ќе се натпреварува за неколку награди - за најдобар прв игран филм (50.000 евра), награда на публиката на „Панорама“, награда CICAE Art Cinema, награда Peace Film, награда на Heiner Carow, награда на Екуменското жири и за етикета на Еуропа синемас (Label Europa Cinemas).
Филмот доби финансиска поддршка од Украинската државна агенција за филм, од Полскиот филмски институт и од Агенцијата за филм на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Швајцарскиот премиер за надворешни работи во Скопје
-

Врнежите ги подобрија условите за есенската сеидба во Овче Поле
-

Преглед на вестите од светот
-

Ученик активирал солзавец за време на час
-

Teма на денот со Тимчо Муцунски
-

Рокас: Овој извештај е подобар од претходниот, Мицкоски бара фер европски процес
-

МВР: Првата пријава за насилство од 17-годишната девојка од Богданци била на 30 септември
