Македонија
26. February 2016 - 11:07

„Кое годишно време го сакам“ за меѓуетничка интеграција на учениците од ООУ „Маршал Тито“ од Струмица

„Кое годишно време го сакам“ е насловен проектот на учениците од четвртите одделенија кои следат настава на македонски и турски наставен јазик во рамки на меѓуетничката интеграција во образованието.

Членовите на еколошката секција со презентери на двата јазици споделија искуства, развиваа ставови за почитување на мислењето на другите, а развиваа и вештини за соработка и интеракција меѓу учениците од различните етникуми.

- Самиот концепт за меѓуетничка интеграција во образованието вклучува промовирање на активности за мултикултурно учење и заеднички активности помеѓу учениците од различни етнички заедници. Токму со оваа цел е и реализацијата на оваа наша активност во која беа вклучени ученици од мешан етнички состав ( Mакедонци и Tурци ) кои беа поделени и работеа во четири групи под менторство на наставниците Марија Јанакова одделенски наставник на македонски јазик и наставникот Мејдин Усeинов одделенски наставник на турски јазик. Преку ваквите активности настојуваме меѓу учениците да се гради и зајакнува меѓусебната доверба за намалување на предрасудите и стереотипите кои постојат за другите, рече Благица Устапетрова директор на ООУ „Маршал Тито“ од Струмица.