Коѕијас во Скопје на разговори за името
Позициите на Скопје и Атина по меѓусебната размена на нацрт-договори за решавање на прашањето за името ќе бидат тема на средбите, кои шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас денеска ќе ги има со македонскиот државен врв.
Коѕијас најпрво ќе се сретне со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров. Тие ќе имаат тет а тет средба, а потоа следуваат пленарни разговори меѓу двете делегации.
Двајцата министрите потоа ќе одржат заедничка прес-конференција.
Се очекува, како што соопшти МНР, разговорите на министрите Димитров и Коѕијас да бидат во контекст на напорите за надминување на разликита околу името, како и на други билатерални прашања од заднички интерес, со акцент на имплементацијата на мерките за градење доверба.
За време на престојот во Македонија Коѕијас ќе биде примен и од претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, како и од заменикот претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи.
Тој нема да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, а тоа, како што велат во кабинетот на шефот на државата, не било ни побарано од грчка страна.
Шефот на грчката дипломатија вчера со владин авион пристигна на скопскиот аеродром, во прва посета на земјата по неговото преименување во Меѓународен аеродром Скопје, како една од отстапките на македонската Влада во процесот на преговорите за името.
Ова е прв пат по 12 години грчки авион да слета на скопскиот аеродром.
Коѕијас беше пречекан од македонска делегација, а потоа се смести во хотелот Мериот, по што имаше работна вечера организирана од Димитров.
Најспорни точки меѓу Атина и Скопје се грчкото барање за промена на македонскиот Устав, спектарот на употреба на новото име, но и идентитетот.
Од македонска страна, пак, како што објави МИА, повеќепати беше нагласено дека треба да се најде достоинствено решение за името со почитување на идентитетот, без промени на Уставот.
По разговорите во Скопје, министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас ќе имаат нова средба на 30 март во Виена на која ќе биде и посредникот на ОН, Метју Нимиц.
Ново на Сител
-
Со фантомки и пластични пиштоли одзеле 650 илјади денари од „Нептун“- обвинение за две лица
-
Николоски: Направени контроли на над 3 100 лиценци, во постапка на одземање се 479 поради неправилно работење
-
Мицковски: Жалам што мораше ова да се случи за сите да се освестат дека работите повеќе од три децении биле погрешни
-
Шест мигранти држени во заложништво во Студеничани
-
ИВАП: Да им помогнеме на нашите колеги и семејства на настрадани во пожарот во Кочани
-
До крајот на март ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд
-
Екипи континуирано ќе бидат во Кочани за интервенции од типот на пластична хирургија, изјави Таравари
-
Мицкоски: Од април 2 200 денари повисока минимална плата