Коѕијас: Оставката е чин на одговорност
Поранешниот шеф на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, на неговиот официјален Твитер профил пишува за поткопување на честа, репутацијата и достоинството со лаги и клевети и објаснува дека „оставката е чин на одговорност“.
-Со лаги, клевети ја поткопуваат мојата чест, репутацијата и достоинството. Изнудувачи, корумпирани, „пиштоли на системот“ го поткопуваат достоинството и честа на оние кои се противат. Така, удираат по функционирањето на демократијата. Оставката е чин на одговорност, напиша Никос Коѕијас на неговиот официјален Твитер профил, без да прецизира на што и на кој се однесува оваа негова порака.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, за твитот на поранешниот шеф на грчката дипломатија, реагираа од опозициската Нова демократија, прашуваат кои се „уценувачите и корумпираните“ и уште еднаш, индиректно, бараат да се објави оставката на Коѕијас.
-Зошто беше отстранет господинот Коѕијас и на кого мисли поранешниот министер кога вели „изнудувачи и корумпирани“ кои “удираат по демократијата“? Сѐ додека не се објавува писмото со оставката на Коѕијас, се потврдува дека Ципрас, Коѕијас и Каменос, меѓусебно се уценуваат за да не се открие вистината, соопштуваат од Нова демократија.
Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас кој е и лидер на движењето на идеи и активности „Прато“, вечерва ќе одржи говор во Ираклио, на грчкиот остров Крит. Настанот е организиран од неговото движење, а ќе говори на тема „Грција во свет кој се менува“/МИА
Ново на Сител
-

Ученик во основно училиште во Арачиново прободен со нож од соученик
-

Полицајци апселе криминалец па биле опколени од десетмина кои пробале да ги спречат, морале да пукаат во воздух
-

Две лица незаконски превезувале туристи во НП Шар Планина, кога имало обид да се спречат, пробале да ги прегазат вработените во паркот
-

Четворица тетовци дале капар од 45.900 денари за стан под кирија во Скопје, па биле измамени од газдарица
-

Пазарниот инспекторат најави засилени инспекциски контроли на пазарот на ѓубрива
-

Одложено судењето за деветмината полицајци обвинети во врска со трагедијата во дискотеката Пулс
-

Обвинителство: Извршен увид на градилиштето во Кисела Вода, ќе се врши обдукција на починатиот работник
-

Растат цените на нафтата на светските берзи

