-->
-->
Коѕијас добил предупредувачко писмо со куршум поради „македонското прашање“
-->
Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас во пресрет на претстојната посета на Скопје, добил анонимно предупредувачко писмо со куршум, пишува денеска „Катимерини“.
Во предупредувачкото писмото било наведено дека куршумот е поради неговата улога во тековните преговори за „македонското прашање“, пренесува МИА.
Писмото и куршумот се предадени во полиција за истрага и вештачење за да се открие испраќачот.
Слично заканувачко писмо со куршум поради „македонското прашање“, Коѕијас доби и во почетокот на февруари годинава.
Никос Коѕијас, според најавите од грчките медиуми, доаѓа во Скопје на 22 и 23 март на средба со шефот на македонската дипломатија Никол Димитров. Се очекува Коѕијас да пристигне со авион на преименуваниот Скопски аеродром и да ја донесе најавуваната грчка нацрт-спогодба за решавање на прашањето за името.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Извлечено четвртото тело од Вардар, наредена обдукција
-
Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет
-
Спречен организиран криминал со половни возила, поднесени 24 кривични пријави
-
ОЈО Битола ќе истражува за мртвата мечка - Сашо Данго нема дозвола за оружје
-
Затворен мостот на Вардар кај Башино село во Велес
-
МОН денеска ќе ги префрли 120-те милиони денари на ЈСП за бесплатен превоз на студентите
-
Ќе растат платите во Здравството