Коѕиас: Треба да созреат услови Македонија да прифати значителен компромис за името
Мислам дека условите треба да созреат во нашата соседна земја, за да може да прифати значителен компромис, изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас во врска со грчко-македонскиот спор за прашањето за името.
Во интервју за неделното издание на „Катимерини“, Коѕиас кусо се осврна на грчко-македонските односи при што ги истакнува мерките за градење доверба.
- Со ПЈРМ ние ги промовираме, во практична смисла, мерките за градење доверба. Мерките за градење доверба се производ на иницијатива што ние ја презедовме. Целта е да се подобрат нашите социјални и економски односи. Што се однесува до името, мислам дека условите треба да созреат во нашата соседна земја, така што да може да прифати значителен компромис, вели Коѕиас.
Тој исто така потсети дека негова неодамнешна иницијатива беше и состанокот во Солун, на кој учествуваа министрите за надворешни и за внатрешни работи на Грција, Македонија, Албанија и Бугарија, икој завршил со голем успех.
- Одлучивме, заедно, да се институционализира оваа конфигурација и да се среќаваме секои шест месеци, рече Коѕиас додавајќи дека ова е втор институционален формат кој Атина го промовира во регионот, по трилатералниот формат Грција, Романија и Бугарија.
Ново на Сител
-
Министерството за енергетика ќе ги додели ваучерите за инвертер клими за граѓаните
-
Шолц по распадот на владината коалиција: Бундестагот на 15 јануари ќе гласа за доверба на владата
-
Илјадници луѓе се евакуирани во јужна Калифорнија поради пожар кој брзо се шири
-
Стартна победа на македонските ракометари во квалификациите за ЕП 2026
-
Премиерот Мицкоски ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта
-
Во Собранието седница на три комисии
-
Земјотрес утрово е регистриран во близина на Скопје
-
Трамп освои 295 електорски гласови, Харис 226