Коѕиас: Грција ја поддржува унитарноста на Македонија

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас синоќа упати предупредување против оние кои „размислуваат и сонуваат за дестабилизација на Балканот“ и менување на границите.
- Грција - и ова, исто така, се однесува на нашиот северен сосед - е цврсто во корист на стабилноста во регионот. Ние сме цврсто во корист на унитарноста на Македонија, ние сме единствените кои дури ни денес не се мешаат во нејзините внатрешни работи, и ние ќе го браниме нејзиното постоење, изјави тој.
Според Коѕиас, „сега сме во ера каде има стабилност, која бара стабилност во меѓународните правила и во спроведувањето на меѓународните односи, но пред се, бара голема почит кон границите“, јави грчката државна новинска агенција АНА-МПА.
Шефот на грчката дипломатија ова, меѓу другото, го изјави во говор на презентација на книгата на поранешниот министер на ПАСОК, Никос Сифунакис за историјата на грчката заедница на турските острови Ѓукчеада (на грчки познат како Имврос) и Бозкаада (познат како Тенедос).
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Советот на јавни обвинители ги чека предлозите од Владата
-

Филипче: Да се зголеми минималната плата
-

Ѓорѓиевски: Скопје застанува на нозе
-

Кадровско зајакнување во КБ-ШТИП, со 60 нови вработувања
-

Ќе се реновира Ученичкиот дом во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Камионџии и натаму добиваат црн печат, ЕК ќе презентира преодно решение следната недела
