Коциќ: Со законски измени ги ограничуваме трошоците за лекување од Ковид во приватните болници
Владата предводена од СДСМ ги утврди измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита.
Со измените се предлага цените во приватните болници да бидат изедначени со референтните цени утврдени од Фондот за здравствено осигурување
Преку овие измени трошоците за дијагонстицирање и лекување на ковид пациенти ќе се се движат од 40.000 до максимални 305.000 денари.
Ваквото регулирање на цените во време на пандемија е неопходно за да не се доведеме во ситуација приватните здравствени установи да останат недостапни за огромно мнозинство на граѓани во нашата земја.
Овие чекори се преземаат за да се овозможи здравствените услуги во приватните болници да бидат подеднакво економски достапни за сите граѓани, со што ќе се заштити јавното здравје и економските интереси на сите граѓани.
Покрај ова, со предложените законски измени е предвидено и користење на ресурсите на приватните болници доколку условите го наложуваат тоа согласно состојбата предизвикана од пандемијата во име на заштита на јавното здравје и се забранува преземање на здравствени работници од јавното здравство од страна на приватните здравствени компании.
Истовремено, предвидени се и измени во делот на глобите за прекршоци доколку приватните здравствени установи не постапуваат согласно законските одредби.
Измените на Законот за здравствена заштита во Собранието наскоро ќе се најдат пред пратениците во Собранието.
Како парламентарно мнозинство, ги повикуваме сите пратеници да ги поддржат овие измени со кои цените за третман на пациенти во приватните болници ќе бидат финансиски поиздржливи за сите граѓани.
СДСМ како одговорна партија останува посветена на заштита на јавното здравје, на брзо надминување на пандемијата од коронавирусот и унапредување на здравствениот систем кој цела година води беспоштедна битка против невидливиот непријател.
Продолжуваме со носење мерки и политики кои ја унапредуваат здравствената заштита за сите граѓани.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
Кос: Гаранција за македонските евроинтеграции е полноправното членство
-
Истражување на ИДУЕП: Младите се скептични дека Македонија ќе влезе во ЕУ
-
Предметот за пожарот во „Пулс“ вратен е во Кочани, од таму ќе биде испратен до Кривичниот суд во Скопје
-
Пожар во Кочани, изгореа 3 автобуси и комбе
-
Отворање две нови ленти за излез на граничниот премин „Богородица”
-
Два онколошки таблетарни лекови до крајот на месецот достапни во аптеките
-
Анализа на Фајненс тинк: Ребалансот предвидува раст на плати и пензии – ефектите може да се почувствуваат врз цените
-
МБА: Банките калкулираат колку да ги намалат провизиите, одлуката ќе биде индивидуална