Коциќ: Мицкоски прави упад и ја загрозува истрагата за Онкологија
Со денешната постапка Христијан Мицкоски се обидува да изврши упад и ја загрозува истрагата за Онкологија.
Ако навистина има докази Мицкоски треба да ги поднесе до надлежни институции, пред се до надлежно Јавното обвинителство.
Од каде знае Мицкоски дека овие информации веќе не се дел од истрагата?
Јавно објавување значи директно загрозување на истрагата за Онкологија.
Прикривање докази исто така е кривично дело.
Очигледно Мицкоски свесно ја загрозува истрагата за Онкологија и прашање е која е неговата цел, дали сака да ја попречи правдата.
Очекуваме реакции од надлежните институции за овој чекор на Мицкоски.
Одговорност за сите инволвирани во случајот на клиниката за онкологија ќе има без пардон, независно од политичката или етничка припадност.
После 20 години, гласини и индиции во голем број на сектори, а особено во здравствениот сектор, за прв пат во време на СДСМ институции влегоа и направија акција за расчистување.
Одговорност ќе има за сите.
Изјава за медиуми, Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ
Ново на Сител
-
Алијанса на пациентски орг. - лекови за онколошки болни што поскоро и вкл. на алијансата при носење на здрав. политики
-
Мицкоски следната недела ќе се сретне со синдикатот на УПОЗ
-
„Генерален штрајк“ во Србија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ ја поддржува фармацевтската мафија
-
Студентите од Турција ја зголемија ќиријата, но ја подигнаа и локалната економија
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонците од Албанија бараат помош од државата за справување со бугарската пропаганда
-
Тема на денот со Васил Стерјовски