Коцијанчич: Не постои „балканска пролет“, потребно е да се спроведат реформи
Портпаролката на ЕУ, Маја Коцијанчич денеска го изнесе ставот на Унијата дека бојкотот на Парламентот не е прифатлив, како и дека не постои „балканска пролет“, по повод настаните во Албанија, Црна Гора и Србија.
Таа оцени дека нема потреба да се споредуваат протестите што се одвиваат истовремено во трите земји во регионот.
Коцијанчич ја прифати оценката на новинарите дека постојат „некои заеднички елементи“ во барањата на граѓаните кои протестираат, но истакна дека тие не се за споредба.
– Европската комисија преку своите извештаи ја следи ситуацијата во земјите од регионот и ги пофалува и критикува кога е потребно. Извештаите се јасни и јас нема да ги споредувам овие ситуации, порача Маја Коцијанчич.
Кога станува збор за почитување на владеењето на правото како едно од барањата што се повторуваат и во Албанија и Црна Гора и во Србија, таа оцени дека „владеењето на правото е апсолутно најважно“.
Според неа, пораката до сите земји од Западен Балкан е дека имаат јасна европска перспектива, но дека е потребно реформите да се спроведат за да ја направат оваа перспектива реалност.
Коцијанчич во врска со протестите во Белград и бојкотот на опозицијата во Собранието на град Белград, рече дека не треба да влегува во детали за секоја земја одделно, но и дека Парламентот е место каде што треба да се одвива дијалог, а мирните протести се фундаментално право.
– Говорејќи генерално, пораката што ја испраќаме до сите земји од Западен Балкан е дека ова е регион кој има јасна европска перспектива. И оваа перспектива ќе стане реалност кога ќе се спроведат реформите. Реформите треба да бидат приоритет, нагласи Коцијанчич.
Таа додаде дека регионот на Западен Балкан е во фокусот на работата на ЕУ и дека пакетот извештаи за земјите во процесот на пристапување во ЕУ, ќе бидат објавени оваа пролет, според планираното.
Ново на Сител
-
Граѓанските здруженија ќе прераснат во политички партии за да можат да учестуваат на локалните избори
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади
-
Пет активни пожари беснеат низ Македонија, други два се под контрола
-
Температури до 43 степени, на сила мерките за заштита од топлотен бран
-
Гаши хоспитализиран поради преплет црева, засега е стабилен
-
Со линеарното зголемување на пензиите 150 илјади пензионери ќе добијат повеќе, а 116 илјади помалку пари
-
Владата ги задолжи државните институции да си ги платат сметките за струја и парно- должат 16,5 милиони евра
-
Слаб интерес кај пратениците за подготовка за интеграцискиот процес