Кочанските таксисти почнаа да наплаќаат по таксиметар
Лиценцираните такси компании од Кочани од денеска започнаа своите услуги за превоз да ги наплаќаат според таксиметар, со што се спроведува и договорот меѓу локалната самоуправа и здружението на такси превозници за ставање ред во оваа дејност.
Од сега граѓаните кои ќе го користат такси превозот ќе плаќаат почетна цена од 50 денари, а секој изминат километар ќе доплаќаат по 15 денари за што ќе добиваат фискална сметка.
Покрај таксиметарот, кочанските таксисти ќе мора да поседуваат и важечка лиценца за вршење превоз што ја издава Општината, за што се најавуваат зајакнати контроли.
- Секој такси возач ќе мора да е пријавен како вработен во такси компанијата за која вози, има обврска да го вклучува таксиметарот и да му издава сметка на патникот за извршената услуга. Ваквите мерки ги преземаме по барање и на самите такси компании кои работат легално, а со цел да се елиминираат таканаречените диви таксисти, кои за услугата наплаќаа во договор со патникот, без да издаваат сметка. Во наредниот период ќе има зајакнати контроли на терен за да се спречи нелегалното работење и нелојалната конкуренција, истакна Ѓорѓи Наков, општински инспектор за патен сообраќај.
Во изминатите години на кочанските улици се појавија околу 200 такси возила, од кои само дваесетина поседуваа такси лиценца, а повеќето го користеа логото на регистрираните компании, но возеа без соодветна дозвола.
Со воведувањето на обврската за вклучување таксиметар голем број такси возачи најавија дека ќе ја напуштат оваа дејност поради зголемените трошоци и малата заработувачка.
Ново на Сител
-
Владата го примила предлог-текстот за пругата на Коридор 8 предложен од Бугарија
-
Полска и Канада потпишаа договор за соработка во областа на нуклеарната енергија
-
Сашко Коцев: Беа во цивилка, не знаев дека се полицајци
-
Сашко Коцев не застанал на полиција, удрил во полицаец па избегал
-
Најмалку 18 повредени во автобуска несреќа во Белград
-
Владата ги одобри 250-те милиони евра за бизнис секторот, на потег банките и компаниите
-
Безживотно тело извлечено од Вардар
-
На социјалните мрежи повици за бојкот на маркетите вo петок поради високите цени на прехранбените производи