-->
-->
Кочани: Момче (26) уценувал жена (45) со која бил во врска дека ќе објави компромитирачко видео за неа
-->
Полициски службеници од ОВР Кочани вчеравечер околу 23 часот го лишиле од слобода И.З.(26) од с.Чешиново, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „уцена“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Имено, според пријавата од 45-годишна жителка на Кочани, И.З., со кого била во љубовна врска, ја уценувал дека доколку не му даде пари, ќе објавел фотографии и видео запис за неа со компромитирачка содржина.
Во координација со јавен обвинител, лицето е приведено, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 259, став 1 од Кривичниот законик, стои во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДКСК иницира кривични пријави за високи функционери на власта
-
Тема на денот со министерот Оливер Спасовски: Кој ќе може да му оддаде почит на Гоце Делчев во сабота?
-
Дополнително намалување на цените со увоз од Турција, владата најавува кризен данок и за енергетските компании
-
Тензична седница во српското собрание за Косово
-
Бугарските пратеници ја усвоија декларацијата за Македонија, македонските партии бараат достоинствено чествување
-
Корисниците на парно во Автокоманда на протест бараат намалување на месечните сметки
-
Нов владин кабинет до крајот на неделата, предлогот за нов министер за правда со неколку кривични пријави
-
Димова не чувствува вина, нејзиниот соработник призна дека злоупотребувале пари од европски фондови