Македонија
30. July 2020 - 16:26

Кочанчанец подигнал 101.000 денари од службената картичка

СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.М.(46) од Кочани, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „затајување“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

На 25.06.2020 пријавениот, вработен како возач на камион во фирма од Кочани, ја присвоил службената платежна картичка и со неа, во неколку наврати на 25 и 26.06.2020, од банкомат во Кочани противправно подигнал пари во вкупен износ од  101.000 денари.