Кочан-ладно во Македонија: Во овие градови е смрзнувачка
Утринава е многу студено, Македонија е окована во студ. речиси во сите градови низ Македонија температурите се под нулата.
Најстудено е во Битола каде се измерени -3 степени Целзиусови, потоа следуваат Крива Паланка и Куманово со -2 -1 Тетово, Берово, Маврово, 0 Скопје Петровец, Демир Капија, Прилеп, 1 Лазарополе, Пожаране, Крушево, Штип, 2 Ѓуриште, Скопје, Претор, 3 Тополчани, Виница, Охрид, 4 Дебар, 5 Струмица, 8 Гевгелија и 9 Дојран.
Вдолж Повардарието, но и во Пелагонија и во Дебарскиот крај утрово има магла, или само намалена видливост. На крајниот југоисток има и ниска облачност. Во останатиот дел од земјата е ведро. Во Скопската котлина исто така има магла, а кон запад само намалена видливост.
Претпладне во долините ќе се задржи магла која постепено ќе слабее. Ќе се намали и облачноста која сега ја има на југоисток Од пладневните часови ќе преовладува претежно сончево и тивко. Температурата ќе биде во интервал од 9 до 16 степени. Во Скопје претпладне со магла, а понекаде само со намалена видливост. Од пладневните часови че биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер. Температурата до 10° С.
Ново на Сител
-
Почна МТФ „Војдан Чернодрински“ - Коневски-Руси, Тодоровски и Михајлова наградени за животно дело
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?