Кобно утро за двајца браќа од Неготино - го пронашле својот татко мртов
- На 22.06.2018 година во 09,20 часот во Полициската станица Неготино, М. Т. (37) од Неготино пријавил дека тој и неговиот брат А. Т. околу 09,00 часот го пронашле починат нивниот татко Б.Т.(62) од Неготино во месноста викана .„Дубровски Лаки“ атар на КО -Дуброво. Имено, починатиот Б. Т. на 21.06.2018 година околу 13,30 часот од дома се упатил кон реката Вардар, со намера да лови риба и бил недостапен на неговиот мобилен телефон. По овластување на дежурен Јавен обвинител, увид на лице место извршила екипа од ПС-Неготино.
Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Неготино.По извршениот увид било констатирано дека нема траги на насилство над мртвото тело и по наредба на Јавниот обвинител, истото било предадено на семејството.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Предвремени избори нема да има, ДУИ да не ги лаже гласачите
-
Прво човек па градоначалник
-
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ лажеше за воздухот
-
Голем пожар избувна попладнево над скопското село Батинци
-
Силјановска: Потребни реформи во ООН
-
До ФЗО се пристигнати пет претставки за сомнителни кардиолошки интервенции од пациенти
-
Синдикалната кошница намалена за над 400 денари, ССМ по подолг период бележи намалени трошоци за живот
-
Секој трет угостител не издава фискални сметки – УЈП ги повика да го платат данокот