Свет
24. May 2018 - 19:24

Кобниот лет од Амстердам до Куала Лумпур: Откриено дека малезискиот авион го урнаа Русите, загинаа 298 патници

Меѓународниот тим истражуители соопшти дека со детална анализа на видео - снимката е утврдено дека пред речиси 4 години руска воена единица со ракетниот систем Бук го погодила авионот на „Малезија Ерлајнс“ на летот MH17.

Вилберт Полисен од холандската полиција рече на презентацијата на резултатите од истрагата дека авионот бил соборен од ракета на 53. противвоздушна бригада на руската војска со седиште во рускиот град Курск.

Тој патнички авион на 17. јулу 2014 година беше на летот од Амстердам кон Куала Лумпур кој е урнат над територијата на Украина. Сите 298 патници и членови на посадата на авионот загинаа.

Русија во повеќе наврати ја негираше вмешаноста за соборувањето на малезискиот патнички авион.