Живот
22. July 2018 - 11:04

Кобна игра со јаже: Мајката на момент го оставила само девојчето, а затекнала хорор

Шестгодишно девојче трагично настрада при играње со јаже за скокање.

Дејзи Димид (6) е пронајдена мртва во својата соба во Туксфорд, Англија откако нејзина мајка Шарлот (33) забележала дека во куќата е необично тивко.
 
Како што покажа истрагата, несреќното девојче случајно се обесило играјќи се со јажето. Мајката повикала итна помош, но како што соопштија, девојчето било мртво и пред доаѓањето во детската болница во Шефилд.
 

Инспекторите кои работеле на случајот, изјавиле дека детето не било оставено само подолго време, како и дека според сите докази од местото на злосторството, во прашање е несреќен случај на самоубиство.

Сепак, истражителот Робер Бон, експерт за чворови изјави дека не му е јасно што си играло детето.

Како што изјавија нејзините родители, сакала да става машнички на плишаните мечиња, како и да си игра со животни, а сепак јажето и било омилена играчка.