Коалицијата предводена од Саудиска Арабија бомбардираше цели во Сана

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија изведе два напада врз зградата на јеменското Министерство за одбрана во Сана, додека во третиот напад бил погоден станбен реон.
Во нападите повредени се осум лица, а две куќи се разурнати.
Нападите се извршени во област што е под контрола на шиитските бунтовниците Хути.
Тоа е втор напад на Саудиска Арабија за една недела, откако беше пресретната балистичка ракета истрелна од територијата на Јемен кон аеродромот Кинг Халид во Ријад
Коалицијата предводена од Саудиска Арабија се вмеша во конфликтот во Јемен во 2015 година. Новите напади уште повеќе ќе ги зголемат тензиите на Блискиот Исток помеѓе двете регионални сили - сунитска Саудиска Арабија, која ја поддржува меѓународно признаената јеменска Влада и Иран, кој ги поддржува шиитските бунтовници, Хути.
Коалицијата претходно воведе блокада за Јемен, поради што Обединети нации апелираа за укинување на блокадата, која не ја пропушта ниту хуманитарната помош, бидејќи милиони луѓе се доведени во смртна опасност.
Според податоци на ОН, во конфликтот во најсиромашната арапска држава до сега загинале 8650 луѓе, а околу 58.600 се повредени, Јемен се соочува со најтешката хуманитарна криза во светот.
Ново на Сител
-

Скопје домаќин на Форумот на стратегијата на Европската унија за Јадранско-јонскиот регион
-

Руските сили пресретнале и уништиле 315 украински дрона, трет дрон уништен пред Москва
-

Хавана ја нарече „неморална и криминална“ американската политика на блокада на Куба
-

Најмногу дожд во Охрид, најстудено на Попова Шапка
-

Инзаги ќе го напушти Ал-Хилал
-

Артета по победата над Барнли: Вие навивачите сте душата на клубот
-

Доналд Трамп: Постои „добра шанса“ за нуклеарен договор со Иран по одложувањето на нападот
-

Во Собранието ќе заседаваат осум комисии
