„Книжевни разговори со Венко Андоновски“
На 20.11.2019 (среда) во Домот на културата „25 Мај“ во Валандово ќе се одржи настан „Книжевни разговори со Венко Андоновски“.
Ќе бидат отворени голем број прашања формулирани врз основа на творештвото на авторот и прашања кои што ќе изнесат негови одредени ставови и видувања.
Венко Андоновски е еден од најпознатите и најквалитетните македонски писатели. Негови поважни дела се: „Фрески и гротески“ (раскази), „Азбука за непослушните“ (роман), „Папокот на светот“ (роман), „Вештица“ (роман), „Адска машина (драма), „Бунт во домот за страрци“ (драма), „Словенечкиот ковчег“ (драма), „Кандид во земјата на чудата (драма), „Кинегонда во Карлаленд“ (драма), „Граница“ (драма), „Ќерката на математичарот“ (роман), „Припитомување на кучката“ (збирка раскази).
Добитник е на сите македонски награди за проза и драма како и на меѓународната награда „Балканика“ за романот „Папокот на светот“. Преведуван е на повеќе јазици низ Балканот и Европа и работи како професор по филолошки науки.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива