Книга на жалост во Руската амбасада за жртвите од авионската несреќа кај Сочи

Руската амбасада во Македонија отвори Книга на жалост во знак на почит кон загинатите во авионската несреќа што се случи вчера над Црното Море во близина на Сочи и сочувство со нивните семејства и најблиски.
Книгата на жалост ќе биде отворена во Амбасадата на 26 и 27 декември 2016 година од 10.00 до 13.00 и од 15.00 до 17.00 часот, информираат од Руската амбасада.
Поради авионската несреќа што однесе 92 човечки живота, во Руската Федерација е прогласен Ден на жалост.
Авион на руското Министерство за одбрана Ту-154 со 92 патника се урна вчера во Црното Море по полетување од Сочи кон Сирија при што загинаа сите патници и членови на екипажот. Во авионот имало 84 патници и осум членови на екипажот, а исчезнал од радарите во 5.40 минути по московско време (3.40 часот по средноевропско време).
Меѓу патниците биле и 64 членови на воениот ансамбл за народни песни и игри „Александров“, девет новинари и воени лица. Ансамблот „Александров“ требало да одржи новогодишен концерт за руските војници стационирани во базата „Хмејмим“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, пратеник на Левица
-

Гостивар чека безбедна вода за пиење
-

Повторно се разгоре пожарот кај Кавадарци
-

Нов сомнителен случај западнонилска треска на Инфективна - на клиниката се хоспитализирани 17 пациенти
-

Од полноќ поскапува дизелот, а бензините поевтинуваат
-

ЕВРОСТАТ: Вредноста на парите во Македонија највисока од регионот
-

Осум дена притвор за кратовчанката што незаконски наплаќаше влез во „Куклица“
-

Опозицијата обвинува за тајните преговори со Бугарија
