Клуге: Ковид-19 ослабува во Европа
Заразноста од Ковид-19 и смртните случаи како резултат на инфекцијата се намалуваат во Европа, изјави директорот на Регионалната канцеларија за Европа на Светската здравствена организација (СЗО) Ханс Клуге на брифинг во Копенхаген.
– Иако секоја недела се пријавуваат повеќе од еден милион инфекции во европскиот регион, вкупната заразност од Ковид-19 се намалува веќе четири последователни недели, а бројот на нови смртни случаи е намален во рамките на две недели, рече Клуге.
Според податоците од речиси 20 земји, бројот на хоспитализации поради Ковид-19 се намалил од 13 на 11 на 100.000 луѓе помеѓу 18 и 31 јануари.
Во исто време, како што рече Клуге, загрижувачко е ширењето на мутираните соеви на коронавирусот. Откривањето на јужноафриканскиот вид е регистрирано во 19 европски земји.
Шефот на Европското биро предупреди на опасноста од пребрзо укинување на ограничувачките мерки.
– Морам да повторам дека одлуките за укинување на јавните здравствени и социјални мерки мора да бидат поткрепени со докази засновани врз епидемиолошка проценка и капацитетот на здравствениот систем. Критериумите мора да се засноваат на докази, а не на набљудувања на релативниот напредок, рече тој.
Според последните податоци, во 29 од 37 земји каде во моментов се врши вакцинација во европскиот регион, 7,8 милиони луѓе – 1,5 отсто од населението се вакцинирани против коронавирус. Бројот на ставени вакцини го надмина бројот на пријавени случаи – 41 милион дози вакцини во споредба со 36 милиони инфекции.
Според СЗО, заклучно со 10 февруари, во 17 земји и територии на европскиот регион, бројот на заразени лица за 14 дена изнесува повеќе од 400 регистрирани случаи на 100.000 луѓе.
Ново на Сител
-

Осум активни пожари низ државата
-

Мицкоски: Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита за сите граѓани во државата, вклучително и за бугарската заедница
-

СВР Велес го расчисти случајот со уништување на урбаната опрема во дворот на основното училиште „Васил Главинов“ во Велес
-

Костадиновски - Шасивари: Институционалниот дијалог е клучен за унапредување на владеењето на правото
-

Мицкоски: За трипати пократок период имаме 120 милиони евра поголем раст на БДП
-

Билансот од катастрофалниот земјотрес во Колумбија достигна 314 жртви, се трага по уште стотици
-

Министерството за правда на САД тврди дека поранешниот директор на ФБИ му се заканувал на Трамп
-

Автомобил удри во автобуска постојка на Бит Пазар
