Клуге: Актуелните вакцини се ефикасни против сите видови на коронавирусот
Вакцините што во моментов се достапни и одобрени засега се ефикасни против „сите варијанти на вирусот”, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Додека здравствената состојба во Европа се подобрува, меѓународните патувања, сепак, се уште треба да се избегнуваат поради „постојаната закана и новите неизвесности”, предупреди Ханс Клуге, директор на СЗО за Европа.
-Тоа е неизвесна закана, рече Кетрин Смолвуд, одговорна за вонредни ситуации во европскиот огранок на СЗО, велејќи дека „пандемијата не е завршена”.
Според СЗО, низ целиот регион што опфаќа делови од Централна Азија, бројот на нови случаи за еден месец опаднал за 60 проценти, од 1,7 милиона кон средината на април на 685 000 минатата недела.
-Одиме во вистинската насока, но мора да бидеме внимателни … зголемената мобилност, физичката интеракција и собирите може да доведат до зголемен пренос во Европа, рече Клуге.
Покрај тоа, мерките за олеснување треба да одат заедно со зголемени напори за скрининг, редослед и вакцинација, додаде првиот човек на СЗО за Европа.
-Нема нула ризик, рече Клуге, додавајќи дека „вакцините можат да бидат светлост на крајот од тунелот, но тоа не смее да не заслепи”.
Ново на Сител
-

Безживотно тело доцна синоќа извлечено од реката Вардар
-

Апелација ја одби жалбата на Стојанче Јовановски - осуден дека ја навел сопругата да се самоубие
-

При претрес на стан пронајдени над 11 килограми марихуана, 400 грама кокаин и поголема количина ЛСД
-

Франција: Портокалов метеоаларм поради горештини издаден за два департмани
-

Денес топло со мала до умерена облачност
-

Почина проф. д-р Катерина Мирчевска
-

Трамп и Нетанјаху договорија состанок „во блиска иднина“
-

Министерот Ристовски ја пречека Ѓорческа по историскиот настап на Вимблдон
