Клубовите губат, порад пандемијата ќе има многу слободни агенти?!
Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели предупредува дека на европските фудбалски клубови им се заканува вистинска „егзистенцијална“ опасност поради пандемијата со корона вирусот.
Фудбалската сезона на стариот континент останува „заглавена“ со прекин на сите натпреварувања (освен тоа во Белорусија) поради КОВИД-19, а бидејќи не се гледа реално кога фудбалот би можел да продолжи, Ањели, како претседател на Европската асоцијација на клубови (ЕЦА) признава дека ова е најголемиот предизвик во историјата на спортот.
„Сите сме фудбалски директори одговорни за доброто и оддржливоста на клубовите со кои менаџираме, кои во моментов се наоѓаат пред егзистенцијална закана. Како што сопре фудбалот, сопреа и нашите приходи од кои зависиме да ги плаќаме нашите фудбалери и членови на тимот. Никој не е имун и мора да се реагира бргу. Ова е најголемиот предизвик кој нашиот фудбал и нашиот бизнис го имале досега. Преговорите се активни и прво мораме да ги решиме со УЕФА проблемите околу лиценцирањето на фудбалерите и финансискиот фер-плеј“, вели еден од најмоќните луѓе во светскиот фудбал.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци