Клоп: Ливерпул заврши со трансфери
Ливерпул ги заврши летните трансфери, тврди менаџерот на тимот Јирген Клоп. Германскиот стручњак објасни дека Тиаго Алкантара, Диого Жота и Костас Цимикас даваат доволно длабочина во неговиот состав, а нови засилувања може да се направат само во случај на непредвидена серија повреди во наредните денови.
Во моментов, проблемите на Клоп се поврзани со центарот на одбраната, откако Фабињо играше до Вирџил ван Дајк против Челси, а тинејџерот Рис Вилијамс го зазеде неговото место против Линколн за Лига купот. Причината се повредите на Жоел Матип и Џо Гомез.
– Не очекувам ништо драстично. Имаме добра длабочина во центарот на одбраната, имаме тројца од топ ниво и младинци зад нив. Фабињо исто така служи во оваа област на теренот. Да, тројца се повредија за неколку дена и никогаш не е убаво, но таквите работи не се корегираат само со трансфери. Невозможно е да се направи, а јас дури и не мислам да пробам. Освен ако не се случи некоја голема трагедија во блиска иднина, тешко дека ќе треба да привлечеме некого. Ако ситуацијата остане како што е сега, нема да ни требаат трансфери. Општо, ситуацијата е добра во моментот, рече Клоп на прес-конференцијата пред натпреварот со Арсенал.
Ново на Сител
-

Почнаа меѓукоалициските консултации за смени во Владата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Познат доктор и поранешен градоначалник го одбил Филипче
-

Опозицијата ѝ понуди помош на Владата по корупцискиот скандал во Платежната агенција
-

Судењето за пожарот во Кочани почнува во среда, надлежните ветуваат ефикасност
-

Ѓорѓиевски: Затвореници на платен список во Комунална, истрагата да се прошири и во Град Скопје
-

ДКСК ги отфрли сите изборни предмети
-

Токсиколозите со предупредување - во сезоната на печурки внимавајте какви плодови собирате!
-

Се бара решение за 550 вработени во „Лукоил Македонија“
