Фудбал
7. October 2015 - 9:41

Kлоп ја прифатил понудата на Ливерпул

Англиските медиуми пишуваат дека дефинитивно Јирген Клоп решил да го прекине одморот и да ја прифати понудата на Ливерпул да го замени Брендон Роџерс на тренерската позиција. 

Клоп најверојатно ќе пристигне во Ливерпул во четврток а на медиумите ќе им биде претставен за време на викендот. 
Неговото деби се очекува на 17.10 против Тотенхем. 
Клоп според информациите потпишал тригодишен договор со „црвените“.
Германецот има 48 години и досега ги тренираше само Мајнц и Борусија Д. со која освои две титули и играше финале на ЛШ.