Клоп ги откри своите фаворити во Лигата на шампионите
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ги сподели своите фаворити за триумф во Лигата на шампионите. Турнирот ќе се одржи во нов скратен формат во август во Лисабон, откако последната фаза беше одложена од кризата со коронавирус.
– За мене двајцата големи фаворити се Баерн и Сити“, рече тренерот, кој му ја донесе на Ливерпул својата прва англиска титула за 30 години.
Според него, Баерн имал импресивна сезона во Германија.
– Откако тимот го презеде Ханси Флик, јас бев импресиониран од тоа што го стори. Кога ќе го погледнете и Сити, нивниот состав … Ова се фаворитите. Натпреварот меѓу нив би бил многу интересен. Конкуренцијата ќе биде многу интересна затоа што ќе биде целосно нова. На сите им треба среќа. Доколку сакате да ја освоите Лигата на шампионите, треба да го имате најдобриот состав, подготвен за финалето, доколку е можно. Не велам дека другите тимови немаат шанси, но мислам дека овие две екипи се фаворити, изјави Германецот.
Ново на Сител
-
АМСМ: Намалена видливост до 30 и 50 метри кај Неготино и Демир Капија
-
Германска министерка се изјасни за забрана на огномети во Германија
-
Прогласена воздушна тревога во Одеса поради закана од ракетен напад
-
Низ патарините лани поминале 62.662.988 возила, ЈПДП со приход од над 66.5 милиони евра
-
Уапсен кичевчанец, пренесувал мигранти од Кина
-
Прва крводарителска акција во 2025 година во Делчево
-
Трамп: САД се катастрофа, „смешка“ во очите на светот
-
Девојче е првото родено бебе во Куманово