Кошарка
20. January 2017 - 16:09

Кливледн го совлада Феникс, а Кармело Ентони постави рекорд

 Шампионот во НБА кошаркарската лига Кливленд брзо ги залечи раните од тешкиот пораз од Голден Стејт, па ноќеска пред својата публија забележа победа во дуелот со Феникс со 118:103. 
 
Кливленд до триесетата победа сезонава го предводеше Кајри Ирвинг кој средбата ја заврпи со 26 поени, додека 
Леброн Џејмс покрај 21 поен имаше и 15 асистенции.
 
Иако Кармело Ентони одигра одличен натпревар против Вашингтон и официјално оставри рекорд, со најмногу поени во една четвртина 25 во вториот период, а средбата ја заврши со дабл-дабл од 34 поени и 10 скока, сепак Њујорк загуби од Вашингтон со 110:113.  Кај победничкиот тим најефикасен беше Џон Вол со 29 поени и 13 скока.
 
Предноста на домашниот терен ја искористија и Мајами кој во дуелот со Далас победи со 99:95, како и Сан Антонио кој со 118:104 го порази Денвер 118:104.
 
Минесота ја прекина мини серијата од три порази и тоа со гостинската победа во Лос Анѓелес кај Клиперс кого го совлада со 104:101.  
 
Ноќеска на програмата се нови десет натпревари, а дербитро ќе се игра во Хјустон каде ќе гостува Голден Стејт.