-->
-->
Клинтон: Трамп не е квалификуван за претседател на САД
-->

Претендентот за номинација за кандидат на Демократската партија на претседателските избори во САД, Хилари Клинтон, оцени денеска дека веројатниот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп не е квалификуван да влезе во Белата куќа.
- Знам колку е оваа работа тешка и знам дека за тоа ни е потребна постојаност, како и сила и разум, и заклучив дека Трамп не е квалификуван да биде претседател на САД, изјави Хилари во интервјуто за Си-Ен-Ен.
Клинтон додаде и дека „нема шанси“ да не ја освои номинацијата за кандидат на демократите на изборите, јавува Танјуг.
- Ќе бидам кандидат на мојата партија. Тоа е веќе готово, порача таа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
-

Марш за Скопје без бариери
