Клинтон денеска ќе биде пуштен од болница
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон се очекува денеска да биде пуштен од болница во Калифорнија, каде што се лекува од инфекција неповрзана со Ковид-19, соопшти неговиот портпарол. Клинтон (75), кој беше претседател на САД од 1993 до 2001 година, беше примен во Универзитетската болница Ирвин во Калифорнија, јужно од Лос Анџелес, во вторникот вечерта поради инфекција на крвта. Неговиот портпарол вчера на Твитер напиша дека Клинтон ќе остане уште една ноќ во болница за да продолжи да прима интравенски антибиотици и оти најверојатно ќе биде пуштен денеска, додавајќи дека сите здравствени индикатори се движат во добра насока. Според „Њујорк тајмс“, кој се повикува на соработник на Бил Клинтон, тој добил инфекција на уринарниот тракт која се развила во сепса.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори