Клиника за очни болести:Препаратот се употребува по строги медицински протоколи
Наведениот препарат се користи како анти ВГФ терапија кај заболувањата на ретина, пропратена со новоформирање на крвни садови кои ја оштетуваат ретината и видната функција на окото (за спречување на нивно формирање), се појаснува во реакцијата од ЈЗУ Клиника за очни болести Скопје на денешната прес-конференција на СДСМ во однос на препаратот „авастин“.
Во рекацијата се посочува дека 5-ти пат во последните 5 дена ЈЗУ Клиника за очни болести Скопје е присилена да демантира невистини пласирани во јавноста од страна на, како што стои, една мала политичка партија во опозиција.
- За користење на препаратот во офталмологијата постојат повеќе од 1000 референци на светско ниво. На пример, во САД се користи од 2005 година, па потоа во сите држави од ЕУ и пошироко во светот. За употреба на препаратот и влијанието за зачувување на видот постојат над илјадници и илјадници стручни офталмолошки трудови признаени и применети во офталмолошката практика признаени од многубројните стручни симпозиуми и конгреси на европско и светско ниво, се вели во реакцијата.
По големата потреба и примени барања за лекување на пациентите во Република Македонија, кои до тој момент се лекуваа исклучиво во Приватни Здравствени Установи по многу високи пазарни цени, информира во реакцијата ЈЗУ Клиника за очни болести Скопје, започнавме да ја имплементираме во нашата медицинска програма на товар на ФЗОМ на РМ од 2012 година.
- Напоменуваме дека до ден денес во нашата клиника истиот се употребува по строги светски медицински протоколи и притоа немаме забележано негативна здравствена појава, ниту пак несакани последици по здравјето на нашите пациенти воопшто, стои во реакцијата од ЈЗУ Клиника за очни болести Скопје по прес-конференцијата на СДСМ.
Ново на Сител
-
Чешкиот „Блек хок“ се очекува да полета кон планината Готен, пристигнаа и словенечките пожарникари
-
Македонци во Тајван, сведочат за предупредувањето и опасноста од цунами по земјотресот на Камчатка
-
Кривична за управител за одгледување на канабис за медицински цели, одземени еден килограм и 260 грама марихуана
-
Економско-социјалниот совет треба да одржи седница, се очекува да се разговара за инфлацијата и порастот на платите
-
Уапсен поранешниот НБА кошаркар Морис, обвинет е за измама
-
Без вода неколку улици во Скопје
-
Почнува изградбата на „Меморијален парк за жртвите од пожарот во модуларната болница - Тетово“
-
Тројца украински војници загинаа, а 18 се ранети во руски напад врз единица за обука