Клиника „Козле“: Стручна комисија и стручниот колегиум не најдоа лекарски пропуст во третманот на починатото дете
„Сакам повторно да нагласам дека како директор на Универзитетската Клиника за респираторни заболувања кај децата Козле веднаш формирав стручна комисија на клиниката која го разгледа целиот случај и не најде никаков лекарски стручен пропуст во третманот, следењето и лекувањето на пацентот. Веднаш потоа се состана во два наврати и стручниот колегиум кој се согласи со извештајот на комисијата на клиниката (во прилог е доставен детален извештај од клиниката со бројна медицинска документација која сведочи за превземената лекарска грижа, истата е доставена уредно и до министерството за здравство и во лекарската комора).
Уште еднаш би сакала да информирам дека пациентот во нашата клиника е веднаш прифатен, направени се бројни анализи, поставен на терапија според интерните протоколи на клиниката, постојано следен, мониториран и под кислородна подршка која е контролирана и мониторирана а поради невообичаеното рапидно и прогресивно влошување на состојбата на детето, истото беше препратено на КДБ по претходен договор и најава со дежурниот педијатар, со организиран транспорт на ИМП во придружба на лекар и медицинска сестра, во согласност со интерниот протокол за префрлување на болно дете во друга институција за продолжување на лекувањето.
Стручната комисија како и едногласноста на колегиумот се мој императив дека во нашата клиника е превземено се во третманот на детето.
Истовремено сакам да информирам дека како директор на оваа клиника во тек на само 2.5 месеци превземени се сериозни организациски чекори, план и првична програма за реорганизација на одделот за интензивна нега и терапија, според законските прописи дадени од АКЗУМ. Унапредување на одделот со детален план за доопремување со апаратура за неинвазивна и инвазивна респираторна подршка и веке е договорен тим на лекари специјалисти кои ќе бидат испратени на адекватна обука.
Клиниката за респираторни заболувања кај децата, Козле поседува интерни клинички протоколи според Медицината базирана на докази кои се спроведуваат децении наназад кај сите наши пациенти.“
Доктор Каролина Симоновска - директор и стручен колегиум на ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата, Козле
Ново на Сител
-
Со месеци се чека скен на коски
-
Таравари е сигурен дека има лекарски пропусти во случајот со починатото 14-месечно бебе
-
Вработени во ЗОО Скопје: Град Скопје сами си го напишаа соопштението дека инспектори со оружје влегле во зоолошка и направиле масакр
-
Инфлацијата во светот е ставена под контрола
-
Детален список: Што поевтини, а кои производи поскапеа со есенската кошничка?
-
Платата во август повисока за 2 евра од јулската
-
Гаши доби кривична пријава од Левица за бранителите
-
ДУИ од утре на средби со граѓани