Климатските промени ја менуваат традицијата за есенска сеидба во Пелагонија

Климатските промени ги менуваат навиките и традицијата за есенска сеидба во Пелагонија, велат битолските агро експерти.
Според Илија Србиновски, раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со седиште во Битола, есенската сеидба доцни, но се почесто се сее и во декември.
- За да почне есенската сеидба треба да се собере пролетниот род од нивите. Во Пелагонија се уште се собираат пролетните култури, сончоглед, грав, зелка, а пченката во зрно е во најлоша ситуација бидејќи досега се собрани само 10 насто од вкупниот род, потврди Србиновски.
Во битолскиот дел на Пелагонија годинава ќе бидат подготвени 18.000 хектари за есенска сеидба, а досега опфатени се само 1.000 хектари.
- Порано, најоптималниот рок за завршување на сеидбата беше периодот од 15 до 25 октомври, но природата си го направи своето. Климатските промени ја менуваат традицијата и навиките па сега се сее и во ноември, а најверојатно и оваа година ќе се сее и во декември. Инаку од планираните 18.000 хектари, најголем дел или 10.000 хектари ќе бидат посеани со пченица, 5.000 хектари со јачмен, а останатиот дел со други земјоделски култури, истакна Србиновски.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Димитров, поранешен министер за надворешни работи и потписник на Преспанскиот договор
-

Кошта во Скопје
-

Кошта доаѓа во Скопје
-

Средба Сиљановска-Пелегрини
-

Муртезани: Тврдам дека и во следниот извештај Македонија ќе биде прва земја од ЗБ по однос на спроведени реформи
-

Пендаровски потврди дека имало различни идеи за уставни измени со помош на меѓународната заедница
-

Владината реконструкција до крајот на јуни
-

СДСМ бара избори во Карпош
