Македонија
31. August 2022 - 12:25

Климатските промени и сушата го погодија производството на мед

Климатските промени и неповолните временски услови го погодија и пчеларството. Како резултат на високите температури и долгиот сушен период производството на мед бележи значително намалување. Пчеларите од радовишкиот регион оваа година ја оценуваат како една од најслабите, но сепак,  велат добро е што неповолното време не се одразило на квалитетот на производството.

Во моментов во радовишкиот регион има шеесетина регистрирани пчелари со околу 6000 пчелни семејства. За поголема промоција и подобар пласман на нивниот мед во иднина планираат формирање на здружение или задруга чија цел ќе биде и проширување на пазарот кој засега е само во локални рамки.