Кликс: Најмалку 10 лица загинаа во поплавите во БиХ, побарана помош од Оружените сили
Премиерката на Херцеговачко-неретванскиот кантон (ХНК) Марија Бухач денеска соопшти дека има жртви во поплавените области во општините Јабланица, Коњиц, Фојница и Крешево.
Според неофицијални информации до кои дојде порталот Klix. ba, бројот на загинати во поплавите и одроните во Јабланица е зголемен на над 10 лица. Информацијата на сараевскиот портал засега не е потврдена. Бухач истакна дека силно невреме ја погодило северната област на ХНК, која е поплавена и отсечена.
Таа додаде дека Владата на ХНК побарала помош од Оружените сили на БиХ, а хеликоптери се бараат за спасување на дете во Јабланица. „Издадовме наредба за војската и хеликоптерите. Испратив барање до командантот, што е кратка процедура и треба да биде одобрено. Мораме да евакуираме едно дете“, изјави за Кликс министерот за одбрана на БиХ, Зукан Хелез.
Во тој дел на БиХ, поради поплавите, блокирани се многу патишта, а на населението му е препорачано да не патува. Во текот на денот ќе биде одржана итна седница на Советот на министри на БиХ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата