Loading Video...
Свет
3. February 2022 - 12:20
Кличко се пријави во резервниот состав на украинската армија
Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија Владимир Кличко се пријави во резервниот состав на украинската армија порачувајќи дека љубовта кон неговата земја го натерала на овој чекор.
Пред неколку дена и неговиот брат Виталиј Кличко кој исто така е поранешен шампион во бокс а сега градоначалник на Киев порача дека би сакал да се најде дипломатско решение за кризата но во случај на руски напад врз Украина активно ќе учествува во одбраната на својата земја.
-
Бранислав Јанески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
