-->
-->
Клеман Бон: ЕУ не треба да биде исклучена од преговорите за Украина
-->
Европската унија не треба да биде исклучена од преговорите за Украина, изјави денеска францускиот министер за европски прашања Клеман Бон. Неговата изјава е дадена ден пред средбата на американските и руските дипломати во Женева, по неколкунеделните тензии околу распоредувањето на руски војници.
– Европејците не треба да отсуствуваат од преговарачката маса, изјави Бон за телевизијата CNEWS.
Шефот на француската дипломатија во петокот изјави дека Москва се обидува да ја заобиколи Европската унија преговарајќи директно со Вашингтон за Украина.
Тој исто така рече дека европските министри за надворешни работи ќе разговараат за можните мерки оваа недела за да одговорат на задушувањето на антивладините протести во Казахстан од минатата недела.
– Тие ќе разговараат за мерките што Европа може да ги преземе за да испрати порака: дека не можете да ги скршите луѓето, демонстрантите, кои протестираат против трошоците за живот, изјави Бон за CNEWS.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
-

Тема на денот со професор Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
-

Гаши нема да оди на Илинден
-

Гостивар се уште без вода за пиење
-

На Инфективна расте бројот на критични пациенти со западно-нилска треска
-

Апелациониот суд – Скопје доби в.д претседател
