Клековски: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги нема, има соодветна замена
Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена. Ова го истакна денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, одговарајќи на новинарски прашања, по денешната прес-конференција.
Во моментов имало недостаток од два генерички лекови на клиниката, едниот бил за широка употреба за повеќе состојби на рак, а едниот за дел пациенти со рак на белите дробови.
Ги немало, не поради ненавремена набавка, туку поради тоа што ги немало кај дистрибутерите, не биле биолошки и не биле скапи, ги произведувале повеќе производители, ќе пристигнеле, а во меѓувреме на Клиниката за онкологија имало други лекови како замена, од кои едниот дури и од истиот производител, но нова генерација.
-Ниеден од скапите биолошки лекови, во моментов не недостасува, подвлече Клековски, повикувајќи медиуми и политичари, да не создаваат притисок и несигурност врз пациентите, со вести за недостаток од лекови.
Тој истакна дека во моментов и во иднина, не смее да има недостаток од лекови. Профункционирала комисијата за позитивна листа и се работело на тоа, се правеле анализи за да се види, што уште може да се додаде на оваа листа.
Многу набрзо, уште во текот на летото, ќе имале одлука и за тоа.
-Тоа што ние можеме да го направиме е да го зголемиме финансирањето на Општата болница во Кочани. Јас мислам дека баш за дел од производите, тесните грла се надминати и дека набавките ќе влезат во одреден континуитет и нема да има проблеми. Во процес сме на анализа на барањата на болницата за вработувања и зголемувања на буџетот и многу набрзо тоа, исто така, ќе биде решено, одговори тој на новинарско прашање, околу реакции на пациенти повредени во пожарот во Кочани, а на рехабилитација во Пониква, дека немало доволно креми, лепенки и слично.
Во врска со двата лека што се ставени на позитивна листа, а ќе бидат достапни за пациентите за три недели, беше појаснето дека досега пациентите не плаќале за нив партиципација, при земање од Клиниката за онкологија. Но, плаќале за да дојдат до болницата, на пример од некое друго место во државата. Сега лековите ќе биле достапни во аптеките во нивните места, ќе се плаќала партиципација.
Таа партиципација, во зависност од цената на лекот, немало да биде повеќе од 50 до 100 денари по пакување. Што, секако, како што беше кажано, би чинело многу помалку, отколку пациентот да плаќа превоз и да се малтретира до Скопје и назад.
Ново на Сител
-
Ангелов: Борбата со пожарот во ловиштето Јасен продолжува, успешно изгасната една линија, теренот останува критичен
-
Го живеам мојот сон, сакам да ме паметат по дела | Орце Ѓоргиевски | Неформално | Sitel Podcast 108
-
ЦУК: Активни пожари во Јасен, Свиларе, Радуша и уште четири локации
-
Студентската листа е 99 отсто завршена, во неа нема опозиција ниту влада, тврдат српските студенти во блокада
-
Израел тврди дека нема масовна глад во Газа
-
Еден војник загина, а еден е потешко повреден при гаснење пожар во Црна Гора
-
Ангелов: Активен тежок пожар во ловиштето „Јасен“, дејствуваат два полициски и еден армиски хеликоптер
-
Во Албанија активни 30 пожари, пет се најкритични